logo
logo
logo

Лоша вест од Италија: На ЕУРО без Несторовски?

Vecer | 24.04.2021

Лоша вест од Италија: На ЕУРО без Несторовски?

Лоша, може да се каже ужасна вест од Италија. Имено Илија Несторовски, еден од нашите најдобри фудбалери вчера се повредил во пределот на коленото на левата нога и за него сезоната во Серија А, во дресот на Удинезе, е завршена. Се уште се очекуваат резултатите од деталните лекарски прегледи, но се прогнозира дека мали, речиси минорни, се шансите тој да биде во составот на нашата репрезентација на претстојното ЕУРО на кое Македонија за првпат ќе настапи во својата историја.

Кога сме кај Нестор да кажеме дека тој на последниот меч со Германија во Дуизбург не настапи поради инцидентот што го имаше на претходниот меч со Лихтенштајн, по кој селекторот го казни со еден меч неиграње.

Да се надеваме, искрено посакуваме дека Нестор сепак ќе заздрави и ќе може да биде дел од нашата репрезентација на ЕУРО.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk