logo
logo
logo

Лош ден за Брајтон: Им поништија гол, па промашија два пенали и загубија од ВБА

Vecer | 27.02.2021

Лош ден за Брајтон: Им поништија гол, па промашија два пенали и загубија од ВБА

Екипата на Брајтон немаше свој ден во 26. коло на Премиер лигата. На гостувањето кај ВБА загуби со 1:0 со гол на Бартли во 11 минута. Но во продолжение на мечот „лебедите“ имаа шанси и за изедначување и за победа затоа што имаа два пенали кои ги промашија. Прво, во 19 минута Грос ја погоди пречката, а во 74 минута Дани Велбек ја затресе стативата од 11 метри.

Во 30 минута судијата им поништи гол поради офсајд после проверка на ВАР.

Брајтон е првата премиерлигашка екипа која промашила два пенали на еден меч после Манчестер Јунајтед во октомври 2019 година (против Норич).

За Брајтон ова е 10-ти пораз сезонава и е на позиција 16 на табелата, а ВБА кој е претпоследен ја запиша само третата победа сезонава.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk