logo
logo
logo

Лорис по поразот од Динамо: Срамота!

Vecer | 19.03.2021

Лорис по поразот од Динамо: Срамота!

Динамо синоќа во Загреб направи вистински чудо и се пласираше во следната фаза во Лига Европа, откако го совлада Тотенхем со 3-0 благодарение на хет-трикот на Мислав Оршиќ.

Во редовите на Тотенхем очекувано владее големо разочарување, тоа не го криеше голманот, Хуго Лорис.

„Повеќе од разочарани сме. Едноставно, ова е сработа. Се надевам дека сите во соблекувалната се чувствуваат одговорни за овој голем срам. Што можам да кажам, сите сме одговорни за ова што се случи“, порача капитенот на Тотенхем.

Тој додаде дека евроскиот фудбал е квалитетн и дека без почит кон противникот, секогаш стигнува казна, што пак им се случи токму на играчите на англискиот тим на чело со Мурињо.

ФОТО: Tottenham/twitter

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk