logo
logo
logo

Локомотив (М) по деветтипат го освои рускиот куп

Vecer | 12.05.2021

Локомотив (М) по деветтипат го освои рускиот куп

Фудбалерите на Локомотив (М) со 3:1 славеа над Крилија Совјетов и по деветтипат го освоија рускиот фудбалски куп. Во финалето кое се одигра на стадионот „Нижни Новгород, локомотив поведе уште во 15-тата минута од средбата со голот на напаѓачот Франсоа Камано.

Седум минути подоцна, Крилија Совјетов израмни на 1:1 преку Владислав Сарвели. Во второто полувреме, во 48-та минута, Фјодор Смолов од белата точка го врати Локомотив во водство, а конечните 3:1 ги постави Муриљо во 84-та минута од средбата.

Локомотив го освои Купот на Русија по пауза од две години.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk