logo
logo
logo

Локатели за можен трансфер во Манчестер Сити: „Зошто да, не?“

Vecer | 15.04.2021

Локатели за можен трансфер во Манчестер Сити: „Зошто да, не?“

Фудбалерот од средниот ред на Сасуоло Мануел Локатели е цел на неколку италијански клубови, а предничи шампионот Јувентус, но според „Кориере дело Спорт“ во трката се вклучува и Манчестер Сити, англискиот гигант кој сака да го донесе во своите редови. Наводно, „граѓаните“ имале разговор со фудбалерот и неговиот агент за расположеноста за трансфер во Манчестер, а потоа ќе се вклучат во акцијата за негов трансфер на Островот.

Мислам дека сум спремен да играм во некој голем клуб, вклучувајќи ги и тие надвор од Италија. Ова е добра опција во мојата кариера. Зошто да не? Расположен сум за соработка ако добијат убава понуда“, изјави италијанскиот репрезентативец.

23-годишниот Локатели летото во 2019 година од Милан се пресели во Сасуоло, а стана главен играч на „зелено-црните“. Сезонава дефанзивниот играч за врска одигра 26 натпревари и постигна три гола вклучувајќи и две асистенции.

Актуелниот договор му е со важност до летото 2023 година, а според „Трансфермаркт“ неговата вредност е околу 35 милиони евра.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk