logo
logo
logo

Ливерпул треба да му плати рекордна отштета на Фулам

Vecer | 11.02.2021

Ливерпул треба да му плати рекордна отштета на Фулам

Судот кој го водеше спорот помеѓу Ливерпул и Фулам за трансферот на Харви Елиот во 2019 година, одлучи дека „Црвените“ треба да платат рекордна компензација на лондонскиот клуб поради прекршување на правилник за трансфер на малолетен фудбалер. Според англиските медиуми сумата (казната) која Ливерпул ќе ја плати може да достигне до 4,3 милиони фунти што е рекорд за 16-годишен фудбалер.

Голем дел од оваа сума се различни клаузули, кои треба да се активираат во зависност од настапите на талентираниот играч, освен тоа Фулам ќе добие и 20% од парите при евентуалната следна продажба на Елиот.

Засега Ливерпул веднаш треба да му исплати на Фулам 1,7 милиони фунти. Таа сума е загарантирана. Понатаму  следуваат сумите од клаузулата кои ќе бидат исплаќани постепено. Првично Фулам побара отштета од 8 милиони за Елиот кој премина од „Крејвен котиџ“ на „Енфилд“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk