logo
logo
logo

Ливерпул ја заврши работата: Конате потпишува 5-годишен договор со „црвените“

Vecer | 23.04.2021

Ливерпул ја заврши работата: Конате потпишува 5-годишен договор со „црвените“

Ибрахима Конате по се изгледна е нов фудбалер на Ливерпул. Според информациите кои денеска се појавија во повеќе германски медиуми, централниот дефанзивец на РБ Лајпциг се договорил со англискиот шампион за петгодишен договор.

По Дајот Упамекано, РБ Лајпциг очигледно го губи вториот важен дефанзивец ова лето. Како што пренесува Фабрицио Романо, Ибрахима Конате постигнал договор со Ливерпул за договор до 2026 година.

„Црвените“ за Конате ќе ја платат клаузулата од неговиот договор во висина од 35 милиони евра. Конате претходно одби да го продолжи договорот во Лајпциг, кој ќе истече во 2023 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk