По очајната серија од четири последователни меча без победа, англискиот шампион Ливерпул, вечерва конечно ја прекина црната серија. На гостувањето кај Шефилд Ј. момците на Јирген Клоп дојдоа до победа од 2:0 и најавија дека кризата во тимот наскоро ќе биде завршена.
Доминацијата на „црвените“ на гостувањето на „Брамал Лејн“ беше видлива уште во првото полувреме, кога само поради фантастичниот Рамсдејл на голманската позиција на домашните, Ливерпул не успеа да поведе.
Сепак, на самиот почеток на вториот дел работите се променија. Младиот Кртис Џонс успеа да ја погоди празната мрежа на Шефилд Ј. по само две минути во вториот дел и да најави триумф на гостите. По водството Ливерпул и натаму го интензивираше притисокот пред домашниот гол и преку Фирмино во 64. минута успеа да зголеми и на 2:0.
Домашните се обидуваа на моменти да му парираат на гостинот, кој апсолутно ја заслужи 12-тата победа сезонава.
sportmedia.mk