logo
logo
logo

Ливерпул го освои „Олд Трафорд“ прв пат после март 2014 година (видео)

Vecer | 13.05.2021

Ливерпул го освои „Олд Трафорд“ прв пат после март 2014 година (видео)

Фото: twitter.com/LFC

Во супер интересен меч Ливерпул го совлада Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 4:2 и тоа со пресврт со што се врати во игра во трката по место во Лигата на шампионите. Мечот е од 34.коло на Премиер лигата кој беше одложен поради упадот на навивачите на стадионот на Јунајтед. И денеска постоеше опасност навивачите да спречат мечот да се одигра откако навивачите на „Ѓаволите“ не му дозволија на автобусот со играчите на Ливерпул да стигне до „Олд Трафорд“. Сепак, по извесно време тие дозволија на лутите ривали да отпатуваат на мечот со Јунајтед.

Бруно Фернандеш го доведе Манчестер во предност во 10. минута, а возврати неговиот сонародник Диого Жота во 34. минута за 1:1. Пред крајот на првиот дел Роберто Фирмино обезбеди предност за Ливерпул.

Само што почна второто полувреме Фирмино уште еднаш погоди за предност на „Црвените“ од 3:1, а намали Рашфорд во 68. минута. Во последната минута од натпреварот Мохамед Салах ги постави конечните 4:2.

И покрај поразот Јунајтед е втор на табелата, а Ливерпул со оваа 17-та победа е на петтото место со 60 бода, четири помалку од четвртопласираниот Челзи. А Ливерпул има и меч помалку.

До крајот на шампионатот има уште три кола, а Ливерпул ќе игра со ВБА и Барнли во гости и против Кристал Палас на свој терен.

Ова е прва победа на Ливерпул на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед во првенствен меч после март 2014 година.
Исто така Ливерпул прв пат по март 2009 година постигнува четири гола на „Олд Трафорд“. Тогаш победи со 4:1.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk