logo
logo
logo

Линсбергер ја извозе најдобрата трка во кариерата за победа во Оре

Vecer | 13.03.2021

Линсбергер ја извозе најдобрата трка во кариерата за победа во Оре

Австриската скијачка Катарина Линсбергер ја забележа првата победа сезонава во Светскиот куп откако имаше фантастична трка во шведскиот Оре. Линсбергер вчера беше втора во слаломот, но денеска ја имаше надобрата трка во слаломот во кариерата доволно за победа. Американката Микаела Шифрин беше втора, а трета Швајцарката Венди Холденер. За Холденер ова е трет пат сезонава како се качува на третото место на пиедесталот.

Линсбергер конечно победи на една трка откако претходно четири пати беше второпласирана, а два пати третопласирана.

Во генералниот пласман Петра Влхова е лидер со 1352 поени, втора е Лара Гут-Бехрами со 1256, а трета Мишел Гисин со 1025.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk