logo
logo
logo

Линекер: Ова е глупаво, „малите“ репрезентации мора да играат квалификации за квалификации

Vecer | 26.03.2021

Линекер: Ова е глупаво, „малите“ репрезентации мора да играат квалификации за квалификации

Англиската фудбалска легенда, Гери Линекер, инаку сеуште голем авторитет во тамошниот фудбал, смета дека мора да има промени во начинот на кој се играат квалификациите за големите натпреварувања.

Според него не може веќе да се дозволи репрезентациите од тимот на Сан Марино, Лихтенптајн или Гибралтар да бидат дел од главната групна квалификациска фаза, и да бидат „топовско месо“.

„Ова за Англија е толку лесно, што е всушност и беслислено. Јасно е дека најлошо рангираните репрезентации, мора претходно да минат меѓусебен филтер за да влезат во главната квалификациска фаза. Мислам дека групите во кои учевствуваат ваквиот тип на репрезентации се глупави и бесмислени“ – истакна Линекер, а повод за сето ова е мечот Англија – Сан Марино кој се одигра синоќа. Истиот заврши 5:0, домаќинот водеше со 3:0 по половина час, и едноставно „стоеше“ на терен, за само да мине времето.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk