КВАЛИФИКАЦИСКИ ДУЕЛ ЗА СП 2018

Лихтенштајн е торпедиран, но СП е научна фантастика за Македонија

И покрај убедливиот триумф, Македонија квалификацискиот циклус го заврши како претпоследна селекција во групата "Г"

Како и што се очекуваше, фудбалската репрезентација на Македонија со победа го заврши квалификацискиот циклус за престојниот Мундијал во Русија.

Избраниците на Игор Ангеловски го одиграа најдобриот натпревар во групата "Г" и сосема заслужено со убедливи 4:0 го торпедираа фенерџијата на табелата, селекцијата на Лихтенштајн.

Популарните "рисови" дојдоа во водство со погодокот на Висар Муслиу, а противничката мрежа ја погодија и Александар Трајковски, Енис Барди и повратникот во националниот тим, Аријан Адеми.

И покрај убедливиот триумф, Македонија квалификацискиот циклус го заврши како претпоследна селекција во групата "Г".

Резултати: Македонија - Лихтенштајн 4:0, Албанија - Италија 0:1, Израел - Шпанија 0:1. Табела: Шпанија 28, Италија 23, Албанија 13, Израел 12, Македонија 11, Лихтенштајн 0 бодови. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари