Макеоднската фудбалска репрезентација по поразот од Романија на гостински терен од 3:2 на првиот квалификациски меч за место на СП 2022 година, утре ќе има вистинска шанса да се врати на победите.

Во Скопје гостува Лихтенштајн, противник со кого има позитивна традиција. Репрезентативците имаат одиграно девет меча во неколку квалификациски циклуси. Највисоката победа е 1:11 на гостински терен на 9. номеври 1996 година.

Во девет меча, Македонија славеше на 8, еден завршил без победник. Вкупната гол разлика е 33 постигнати и само 5 примени голови.

Шанса за продолжување на победничката серија против Лихтенштајн, Македонија ќе има в недела од 20:45 часот.

 

sportmedia.mk