logo
logo
logo

Лига на Европа: Порто во финишот ја порази Звезда, Динамо знае како и во Србија

Vecer | 02.10.2025

Лига на Европа: Порто во финишот ја порази Звезда, Динамо знае како и во Србија

Денешното коло во Лигата на Европа, вечерниот термин го одблежаа настапите на балканските гиганти Црвена Звезда и Динамо Загреб. Иако имаше позитивен нерешен резултат, 1:1, се до последните минути сепак, Црвена Звезда вечерва загуби кај Порто со конечни 2:1.

Домаќинот имаше водство  преку пеналот на Вилиам Гомез на стартот на мечот, а потоа израмни младиот Василије Костов.

Во последната минута од регуларниот дел од мечот, Мора погоди по една добра акција и ги сруши надежите на Звезда за поволен резултат.

Од друга страна пак, Динамо Загреб успеа да слави над тимот на Макаби кој што свпите мечеви како домаќин ги игра во Србија, на стадионот на ТСЦ. Тимот од Тел Авив поведе преку Абу Фархи, за да Динамо преку Лисица, и на два пати Љубичиќ направи комплетен пресврт и победи со 1:3.

Вечерва со својот тим Ренџерс настапи и нашиот Бојан Миовски кој што загуби кај тимот на Штур во Грац со конечни 2:1.

Лига на Европа:

Базел – Штутгарт 2:0

Селта – ПАОК 3:1

Порто – Црвена Звезда 2:1

Феенорд – Астон Вила 0:2

Генк – Ференцварош 0:1

Лион – Ред Бул Салзбург 2:0

Макаби Тел Авив – Динамо 1:3

Нотингем Ф. – Митјиланд 2:3

Штурм – Ренџерс 2:1

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk