logo
logo
logo

ЛИГА ЕВРОПА: Арсенал ја пројде Бенфика, Молде во осминафинале, Наполи елиминиран (видео)

Vecer | 25.02.2021

ЛИГА ЕВРОПА: Арсенал ја пројде Бенфика, Молде во осминафинале, Наполи елиминиран (видео)

Арсенал успеа да се пласира во осминафиналето на Лигата на Европа откако вечерва на домашен терен славеше со 3:2 против Бенфика. Мечот имаше интересен тек и два пресврти, „топчиите“ поведоа со голот на Обамејанг но пред крајот на првиот дел изедначи Гонкалвеш со гол од слободен удар. Во вториот дел на Обамејанг му беше поништен гол поради офсајд, за набргу потоа Силва да ја доведе Бенфика во водство од 1:2.

Меѓутоа Арсенал се созема и шест минути подоцна изедначи преку Тирни, за во 87 минута Обамејанг да ја обезбеди победата од 3:2 и пласманот понатаму. Да потсетиме во Лисабон резултатот беше 1:1.

Наполи го загуби првиот дуел со дебитантот Гранада со 2:0, па имаше тешка задача на свој терен. Рано поведе, уште во 3. минута преку Зиелински и се кренаа надежите дека може да се добие ривалот убедливо, меѓутоа студен туш стигна во 25 минута кога Монторо изедначи за гостите. Наполи поведе во 59 минута со голот на Руиз и потоа Наполи не успеа да стигне до резултат кој ќе му обезбеди пласман во осминафиналето.
За Наполи до 60 минута играше Елиф Елмас.

Сензацијата се вика Молде. Норвешката екипа вечерва славеше на гостувањето кај Хофенхајм со 2:0 со головите на Уланд-Андерсен. Првиот меч заврши 3:3.

Пласман понатаму изборија уште Ренџерс, Шахтјор, Виљареал

РЕЗУЛТАТИ
АЈАКС – ЛИЛ      2:1
Прв меч: 2:1
АРСЕНАЛ – БЕНФИКА    3:2
Прв меч: 1:1
ХОФЕНХАЈМ – МОЛДЕ  0:2
Прв меч: 3:3
НАПОЛИ – ГРАНАДА      2:1
Прв меч: 0:2
РЕНЏЕРС – АНТВЕРП       5:2
Прв меч: 4:3
ШАХТЈОР – МАКАБИ Т.А.            1:0
Прв меч: 2:0
ВИЉАРЕАЛ – САЛЦБУРГ              2:1
Прв меч: 2:0


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk