logo
logo
logo

Лидс Ј. се договори со Мекени и испрати прва понуда до Јувентус

Vecer | 26.01.2023

Лидс Ј. се договори со Мекени и испрати прва понуда до Јувентус

Јувентус и Лидс Ј. влегоа во интензивни преговори за Вестон Мекени.

Англискиот клуб ја направи и првата понуда за трансфер на 24-годишниот централен играч за врска која е во износ од 28 милиони евра.

Јувентус инсистира да добие 35 милиони евра за Американецот, но прифатил разговорите да продолжат деновиве за да се најде некоја средина.

Мекени, наводно, веќе се согласил за личните услови од соработката со Лидс Ј. со што го зголемува притисокот кон Јувентус да гопродаде до крајот ан зимскиот преоден рок.

Фудбалерот од средниот ред на репрезентацијата на САД се пресели во Јувентус во летото 2020 година од Шалке на позајмица за 4,5 милиони евра. Италијанскиот клуб тогаш го искористи правото да го купи играчот за 18,5 милиони евра.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk