logo
logo
logo

Леванте со Барди во составот ја оддалечи Барса од титулата (ВИДЕО)

Vecer | 11.05.2021

Леванте со Барди во составот ја оддалечи Барса од титулата (ВИДЕО)

Леванте на Енис Барди вечерва му „скина“ два бода на тимот на Барселона, во битката за титулата. Иако Барса два пати водеше 0:2, и 2:3, сепак, на крајот Леванте успеа храбро да освои бод, и со тоа да покаже уште еднаш дека знае како да одигра со „Каталонците“.

Македонецот беше стартер и играше до 61. минута кога го напушти теренот. Меси и Педри донесоа водство на Барса од 0:2, а потоа за кратко време, за две минути Леванте се врати. Во 57 и 59. минута погодија Мелеро и Моралес за 2:2.

Дембеле ја врати предноста на Барселона, а во 83. минута Леон ги изненади Каталонците.

Барселона сега има еден бод помалку од Атлетико, и еден бод повеќе од Реал Мадрид, но мадридските тимови имаат меч помалку.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk