logo
logo
logo

Левандовски бесен на Баерн – сака да си оди!

Vecer | 13.10.2021

Левандовски бесен на Баерн – сака да си оди!

Роберт Левандовски е бесен на раководството на Баерн Минхен, па неговото заминување не е исклучено. Оваа информација денеска на насловната страница ја пренесува Билд.

Причината поради која полскиот голгетер размислува да си оди е начинот на кој се однесуваат првите луѓе на клубот, не му се допаѓа што јавно го подготвуваат теренот после него. Добро е познато дека Баерн Минхен во своите редови го сака Ерлинг Халанд, Левандовски смета дека баварскиот гигант треба да има поголема почит кон него.

Преговорите за продолжување на соработката не се почнати, но Лева нема потреба од загриженост, бидејќи за него во редот застанаа Манчестер Сити и ПСЖ.

На Гвардиола му е потребна гол машина, па нема ништо против во својот тим да го има Полјакот. Од другата страна ПСЖ не застанува со собирањето на ѕвезди, Килијан Мбапе треба да замине во Реал, па Лева заедно со Меси и Нејмар би биле страшна тројка.

Втор проблем е што челниците на клубот не сакаат да потпишат долгорочен договор, бидејќи тој се приближува до средината на 30-години, додека пак желбата на фудбалерот е да остане до 2025 година, тогаш ќе има 37 години.

Покрај ова Левандвоски бил фрустриран откако неговата серија заврши на дуелот против Гројтер Фурт. Полјакот на својот стратег Јулијан Нагелсман му кажал дека играчите не го вклучиле доволно во мечот. Незадоволството по овој дуел го приметиле и соиграчите, а дека навистина нешто се случува потврда дојде и од забавата на Нојер, на која не беше Левандовски.

Ако се земе во предвид дека сите овие информации доаѓаат од Билд, во тој случај следното лето ќе биде интересно.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk