logo
logo
logo

Лева со хет-трик ја честиташе новата титула на Баерн (М) (ВИДЕО)

Vecer | 08.05.2021

Лева со хет-трик ја честиташе новата титула на Баерн (М) (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен ја прославија деветтата последователна, и вкупно 31-ва, германска титула со убедлив триумф на „Алијанц Арена“ против Борусија Менхенгладбах со резултат 6:0.

Пред дуелот, Баварците знаеја дека и математички ја обезбедија одбраната на титулата, откако  Лајпциг загуби од Борусија Дортмунд нешто порано во текот на денот и остана далеку зад баварската машина.

Баерн се потруди титулата да ја прослави со дожд од голови. Во вистинска голгетерска низа се врати Роберт Левандовски, кој стана стрелец на хет-трик.

Исклучително расположен за игра беше полскиот напаѓач, кој сега има вкупно 39 погодоци сезонава.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk