logo
logo
logo

Лестер си купи играч за врска од Лил за 17 милиони фунти

Vecer | 02.07.2021

Лестер си купи играч за врска од Лил за 17 милиони фунти

Англискиот премиерлигаш Лестер се пофали со второто летно засилување. Се работи за играчот за врска Бубакар Сумаре кој потпиша петгодишен договор, а дојде меѓу „лисиците“ од редовите на францускиот првак Лил за 17 милиони фунти.

Се работи за играч кој во 2016 година со ПСЖ го освои младинскиот шампионат на Франција , а играше и финале во младинската Лига на шампиони. Истата година дебитираше за Б тимот на ПСЖ, но не стигна и до најсилниот тим на парижаните. Наредната година се пресели во Лил, а во 2019 година почна да игра редовно дури и го постигна првиот гол во Лига 1. Истата година дебитира и во Лигата на шампионите, оваа година со Лил стана шампион на Франција, а сега ќе продолжи во Лестер.

Убав напредок за само четири години, нешто што на многу фудбалери им е потребно многу повеќе за да направат голем трансфер и да играат во силен шампионат.

Бубакар е роден во Франција и досега беше младински француски репрезентативец. Неговото потекло е од Сенегал.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk