logo
logo
logo

Леонардо тврди: На добар пат сме да потпишеме нови договори со Мбапе и Нејмар

Vecer | 25.02.2021

Леонардо тврди: На добар пат сме да потпишеме нови договори со Мбапе и Нејмар

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, денеска во официјална изјава потврди дека клубот работи на нови договори за Килиан Мбапе и Нејмар.

„Бев изненаден од некои работи за Килијан. Тој има свој пат. Секој пат, неговата позиција во тимот станува сè поважна. Тој веќе има одговорности, како и стабилност и јасен тек. Комуницираме со него, преговорите траат подолго време. Нашата позиција е јасна, ние знаеме што сакаме. Наскоро ќе дојде моментот кога ќе се донесе конечната одлука. Почетокот на разговорите се покажаа многу охрабрувачки“, вели Леонардо.

За новиот договор со Нејмар додава:

„Ние исто така комуницираме со него. На добар пат сме, но новиот договор сè уште не е потпишан. Нашата цел е да постигнеме договор што е можно побрзо. Истото важи и за Анхел Ди Марија и Хуан Бернат. Ние сакаме да ги обновиме договорите со сите овие играчи“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk