Ленард конечно се огласи по трансферот во Торонто откако го "продадоа"

Три недели откако беше префрлен во Торонто, Каваи Ленард пушти специјално соопштение во кое тој им се заблагодари на Сан Антонио и на тренерот Грег Поповиќ.

Крилото одигра само девет натпревари за „Спарси" минатата кампања и откако влезе во конфликт со тимот побара да го напушти, откако беше разменет заедно со Дани Грин, за ДеМар ДеРозан и Јакоб Полтел.

- Сан Антонио, во последниве недели размислував внимателно што да кажам и на крајот сé се сведува на два едноставни збора - ВИ БЛАГОДАРАМ! Благодарен сум на секој од моите соиграчи. Поп, јас секогаш ќе бидам благодарен за мојот развој под твое водство. Благодарен сум и на навивачите кои се најстрасните и најпосветените. Јас секогаш ќе се сеќавам на градот и на луѓето од Сан Антонио, пишува Ленард.

Постои веројатност двократниот најдобар дефанзивец во Лигата да стане слободен агент догодина и да премине во Л.А. Лејкерс, но сепак не треба да се заборава примерот со Пол Џорџ, за кого се сметаше дека ќе го стори истото, а на крајот продолжи со Оклахома Сити

Поврзани

Најнови вести

Коментари