logo
logo
logo

Л'Екип: Лазаров ќе игра уште една сезона во Нант

Vecer | 07.04.2021

Л'Екип: Лазаров ќе игра уште една сезона во Нант

Кирил Лазаров кон крајот на оваа сезона треба и официјално да донесе одлука дали ќе стави крај на играчката кариера или пак ќе биде на терените уште една година. Најдобриот македонски ракометар, а од скоро време и предводник на националниот тим, најверојатно ќе го одложи најавеното пензионирање.

Според „Л’Екип“, Лазаров ќе продолжи договорот со Нант на уште една сезона. Ова е одлично за македонскиот репрезентативен ракомет. Тој ќе биде и на теренот во процесот на создавање на нова генерација која ќе го продолжи позитивниот тренер во овој спорт, редовно учество на големите натпреварувања.

Лазаров во Нант дојде во 2017 година од редовите на Барселона, со овој тим учествуваше и на Ф4 завршницата во Келн во 2018 година, играше финале против Монпеље, прво во историјата на клубот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk