logo
logo
logo

Лекарите се воздржуваат од прогнози: Состојбата на Рико е тешка и непроменета

Vecer | 07.06.2023

Лекарите се воздржуваат од прогнози: Состојбата на Рико е тешка и непроменета

Резервниот голман на Пари Сен Жермен, Серхио Рико се уште е во „сериозна состојба“ и лекарите се уште се воздржуваат од натамошни прогнози. Рико е во болница откако на 28 мај доживеа несреќа, која заврши со тешки повреди на главата на голманот.

Лекарите постепено ги отстрануваат седативите за да ја видат неговата реакција, но 29-годишниот шпански голман ќе има нов преглед на главата денеска.

„Има охрабрувачки знаци, но мораме да бидеме многу внимателни“, изјави извор од болницата во Севиља. Веднаш по несреќата, Рико со хеликоптер бил пренесен во болница, каде што бил ставен на апарати за одржување во живот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk