Лејкерс вечерва без Леброн на дуелот со Сакраменто

Леброн Џејмс за првпат оваа сезона ќе пропушти натпревар од регуларниот дел од сезоната. Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс нема да игра против Сакраменто Кингс, во натпреварот кој е на програмата вечерва.
Леброн ги одигра сите досегашни 36 натпревари за Лејкерси оваа сезона и помина во просек 34 минути на паркетот, со просек од 25,8 поени, 7,8 асистенции и 8 скока.
Ова нема да влијае на неговиот настап на Ол-Стар мечот, каде ќе биде и капитен.
sportmedia.mk