logo
logo
logo

ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ

Легендата на Ѕвезда му ја предвидела смртта на ДРАЖЕН ПЕТРОВИЌ (Видео)

Vecer | 20.04.2021

Легендата на Ѕвезда му ја предвидела смртта на ДРАЖЕН ПЕТРОВИЌ (Видео)

Мирко Милиќевиќ, легендарниот кошаркар на Црвена ѕвезда, Цибона и други европски клубови, раскажал дека во една прилика во 1990 година му ја предвидел смртта на Дражен Петровиќ, кој не му бил само соиграч туку и голем пријател.

-Бевме во Салун и Дражен, кој ме викаше Гениј, инсистираше нему и на неговата тогашна девојка, манекенката Рената да им гледам во дланка, затоа што ја имам таа дарба. Им ги видов дланките и не реков и збор. Кога си замина Рената ме праша што видов, му реков: „Батали ја Рената.“ Праша, зошто, што е? Му реков: „Ако ти се ожениш со Рената, јас ќе се оженам со Адолф Хитлер.“ Се насмеа и ме погледна чудно кога му реков дека во дланката му видов нешто страшно. Му реков: „Гледам сообраќајка, Бог нека ти е на помош!“

 

[embed]https://www.youtube.com/watch?time_continue=30&v=txnKNPuVdtQ&feature=emb_logo[/embed]

Дражен Петровиќ загина во сообраќајна несреќа на 7 јуни 1993 година, во 28. година од животот.  Хрватската  репрезентација со авион се враќала од Полска, но Дражен тргнал со автомобил заедно со девојката, германската манекенка Клара Шаланци, која и возела кога се случила несреќата. Во несреќата за која никогаш не сакала да зборува, поминала со полесни повреди.

Брзо после смртта на Дражен Клара се омажила за германскиот фудбалер Оливер Бирхоф.

 

[embed]https://www.youtube.com/watch?time_continue=57&v=bsRC9Py1Ujg&feature=emb_logo[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk