Го погоди вистискиот момент

Леброн Џејмс заработи 35 мил. долари од продажба на пици

Најдобриот кошаркар во НБА лига, Леброн Џејмс минатата сезона само од играње кошарка и се порзано околу играта на паркетот заработи 80 милиони долари. Нешто повеќе од 30 милиони долари повеќе отколку што му беше предвидено со договорот со Кливленд Кавалирс и стана трет кошаркар во историјата на НБА, а прв по Мајкл Џордан и Коби Брајант, со заработувачка поголема од 30 милиони по сезона, а останатиот дел на неговата сметка легна од спонзорите.

Но, и ова не е се, бидејќи Леброн инкасира многу пари и од продажба на пица. Но, нер дека тој ги прави пиците и ги продава,н туку има бизнис со пици, односно пицерија. Таа приказна почна во 2012 година, кога Лебро и неговиот деловен партнер Маверик Картер и финансискиот советник Пол Ваштеруложи, вложиле по милион долари во пицеријата "Blaze Pizza" во Калифорнија. Она што Американците изворно го нарекуваат "fast-casual pizza chain" наједноставно би можело да се преведе како "fast food pizzerija", ресторан во кој пиците се прават како на лента.

"Кралот" во овој бизнис вложи помалку од милион долари пред пет години, а денеска има приход до небото. Оваа пицерија стана ланец и ја освои Калифорнија, а нејзината вредност се проценува на 250 милиони долари. На Леброн делот е 10 проценти , а во бројки тоа изнесува 25 милиони долари. Кога на ова ќе се додаде и цифрата од маркетингот кој Леброн го носи од социјалните мрежа Фејсбук, Инстаграм и Твитер со своите 91 милион следбеници, неговиот финансиски дел е оклоу 34 и 40 милиони долари.

Пред неколку дена компанијата "Technomic" која се занимава со брзиот раст и развој ја прохласи пицеријата "Blaze Pizza" за најбрз растечки ресторан во последните пет години.

Поврзани

Најнови вести

Коментари