Леброн Џејмс ќе преговара со седум клубови

Најдобриот кошаркар на Кливленд, Леброн Џејмс, од 1 јули ќе биде слободен играч и се очекува да преговара дури со седум различни клубови.

Како прва опција за Џејмс се наведува токму Кливленд, но според некои извори тој би можел да преговара и со досегашните најголеми ривали Голден Стејт, кои пројавиле интерес за негово доаѓање во клубот.

Според аналитичарот Стефан Смит, кој е добро упатен во случувањата во НБА лигата, Џејмс паралелно ќе преговара и со Филаделфија, Бостон, ЛА Лејкерс, Хјустон и Мајами, со кого има освоено шампионска титула.

За Џејмс минатата сезона беше неверојатно успешна бидејќи речиси сам го донесе Кливленд до финалето, каде беа поразени од Голден Стејт со 4:0 во финалната серија

Поврзани

Најнови вести

Коментари