logo
logo
logo

ЛЕ: Виљареал од пенал славеше во Загреб, Јунајтед сигурен, Славија извади реми во Лондон (ВИДЕО)

Vecer | 08.04.2021

ЛЕ: Виљареал од пенал славеше во Загреб, Јунајтед сигурен, Славија извади реми во Лондон (ВИДЕО)

Најголемиот фаворит за освојување на Лигата на Европа оваа година, екипата на Манчестер Ј.  се враќа со предност од 2:0 од гостувањето кај Гранада во првото четвртфинале. „Црвените ѓаволи“ со голот на Маркус Рашворд во 31. минута поведоа со 1:0, а пред крајот, Бруно Фернандес од пенал зголеми и на 2:0 со што Англичаните зачекорија кон полуфиналните дуели во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Вториот англиски преставник, Арсенал, се намачи на домашен терен против Славија (П) и дури во 86. минута успеа да поведе постигнувајќи гол преку Пепе за победа од 1:0. Но иако сите очекуваа крај и победа, гостите по поледниот корнер на средбата успејаа да израмнат на 1:1 со голот на Холеш и како непоразени да заминат од Лондон.

Динамо (З) загуби на свој терен од Виљареал со 1:0, иако одигра добар меч. Нашите Адеми и Ристовски беа стартери за „модрите“, кои во првото полувреме постигнаа гол за водство, но истиот беше поништен поради офсајд. Со овој домашен пораз, хрватскиот шампион ќе има тешка задача за сензација на реваншот во Шпанија.

Рома приреди голем пресврт во Амстердам, откако губеше по првиот дел со 1:0, но откако Тадиќ промаши пенал за Ајакс за зголемена предност, Рома со головите на Пелегрини и Ибанез дојде до пресврт и победа од 2:1 која го трасира нивниот пат до полуфиналето.

АРСЕНАЛ – СЛАВИЈА (П) 1:1

ГРАНАДА – МАНЧЕСТЕР Ј. 0:2

ДИНАМО (З) – ВИЉАРЕАЛ 0:1

АЈАКС – РОМА 1:2


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk