logo
logo
logo

ЛЕ полувреме: Арсенал за шест минути и даде три гола на Славија, Динамо веќе со висока негатива

Vecer | 15.04.2021

ЛЕ полувреме: Арсенал за шест минути и даде три гола на Славија, Динамо веќе со висока негатива

По одличниот настап во Лондон и ремито 1:1 со Арсенал, фудбалерите на Славија Прага имаа шанса на свој терен да го турнат големиот противник и да се најдат во полуфиналето во ЛЕ меѓутоа доживуваат пекол. Уште по првото полувреме Арсенал имаше предност од 0:3 обезбедена со головите на Никола Пепе, Александре Лаказет и Букају Сака во период од 18-тата до 24-тата минута од мечот.

Динамо е пред елиминација. „Модрите“ губат во Виљареал со 2:0 по првите 45 минути, а по поразот на „Максимир“ од 1:0 се чини дека тука ќе ги завршат настапите во ЛЕ оваа сезона.

Манчестер Јунајтед води со 1:0 против Гранада и има вкупни 3:0 во двомечот со овој противник. Во Рим резултатот меѓу Рома и Ајакс на полувреме е 0:0.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk