Шпанската Гранада успеа да се пласира во четвртфиналето на Лига Европа откако вечерва ја сочува предноста од првиот меч во дуелот со Молде. Дебитантот во ЛЕ изгуби со 2:1 на гостувањето во Норвешка, а благодарение на победата од 2:0 на првиот меч отиде понатаму. Инаку Молде поведе со автогол на Ваљехо, а изедначи Солдадо во 72 минута, а четирикратниот норвешки шампион победи со голот на Хестад во 90 минута.

Арсенал изгуби дома од Олимпијакос со 0:1 со гол на Ел Араби меѓутоа можеше да си го дозволи тоа благодарение на победата од 3:1 во Пиреја минатата недела.

Во четвртфиналето влезе и Рома која и на реваншот го победи Шахтјор. Првиот меч во Рим беше 3:0, а сега во Киев „волчицата“ славеше со 1:2. Двата гола за италијанската екипа ги постигна Борха Мајорал.

Во Загреб Динамо победи со 2:0 против Тотенхем и го надополни дефицитот од првиот меч во Лондон. Таму се играат продолженија.

 

sportmedia.mk