logo
logo
logo

Лазаров: Задоволен сум, за играчите ова е голема школа!

Vecer | 19.06.2021

Лазаров: Задоволен сум, за играчите ова е голема школа!

Македонската ракометна Б-репрезентација беше совладан од Србија со 29-26 на првата од двете контроли во Ниш. Избраниците на Кирил Лазаров имаа добри и лоши моменти, покажаа слабости, но и покажаа дека можат да се вратат од негатива.

Сите овие мечеви се плус искуство за младите ракометари на патот кон созревањето, токму на овој начин, нашиот предводник сака од блиску да им долови со какви одговорности ќе се соочат во иднина.

Лазаров е задоволен, особено ако се земе во предвид дека Македонија настапи со Б-тим, додека Србија имаше мешан состав.

„Ова се млади момци кои доправа треба да ја презентираат нашата држава, влегоа импресионирано. Има дел од нив кои не играат многу во своите клубови. Во редовите на Србија има многу интернационалци, што пак ми прави посебно задоволство.

Ние сме на почеток на една нова авантура. Имавме пенал и за два разлика, мене не ми е сеедно дали е на крајот два или три разлика. Почнавме слабо на почетокот губевме со 4-0. Србија има екста квалитетен тренер кој неколку дена ја подготвуваше екипата. Во кратки црти, задоволен сум од тоа како се одвиваат ротацииите, како ги решававме неочекуваните работи на теренот“, вели Лазаров.

Убаво е кога младите имаат целосно разбирање од селекторот. Кире најдобро ги разбира сите нивни грешки. Ова е единствениот начин за да одат напред.

„Во првото полувреме имавме само една одбрана, но во второто полувреме Марко Кизиќ беше многу добар. Се надевам дека ќе имаме сили утре да одиграме уште еден меч. Треба да се напомене дека нас ни фалат 12-14 првотимци.

Од некои играчи сум задоволен, од некои не сум задоволен. Ова за нив е школа, но ги разбирам, видоа со што ќе се среќааваат на големите натпреварувања, како баражи, квалификации, каде притисокот е голем. Само со квалитетни натпревари ќе напредуваме“.

Македонија и Србија утре исто во Ниш, но со почеток во 16 часот ќе ја одиграат втората средба.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk