logo
logo
logo

Лазаров: Врвниот спорт бара големи жртви, во иднина дресот ќе се заслужува со многу пот - тоа го ветувам!

Vecer | 14.03.2021

Лазаров: Врвниот спорт бара големи жртви, во иднина дресот ќе се заслужува со многу пот - тоа го ветувам!

Македонската ракометна репрезентација го запиша првиот пораз во квалификациите за ЕП 2022 година. На гостувањето кај Данска со помладен состав, без Кирил Лазаров, Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов, бевме надиграни со 37-21.

Овој резултат не треба да не плаши, ниту пак не загрижува. Напротив, селекторот Кирил Лазаров и неговиот стручен штаб плански одлучија против најсилниот да ги увидат нашите слаби страни. На овој начин сега имаат јасна слика за иднината.

„Сакам јас и мојот стручен штаб да имаме јасна претстава за иднината. Мислам дека сега имам појасна и конкретна слика со што располагање. Барам во репрезентацијата да имаме професионалци, победници, натпреварувачи. Не ми се допаѓаат играчи што на 10 разлика играат за своја лична статистика. Имаме многу работи за исправање. Направивме чудо за 7-8 дена, но стоиме цврсто на земја и денеска имавме идеа и план“, изјави селекторот Кирил Лазаров за СПОРТМЕДИА.

Кире овие денови постојано потенцираше дека следува процес на создавање на играчи и репрезентација, кој ќе бара многу жртви, но ветува дека на крајот сето тоа ќе се исплати.

„Знам дека можеби ја изритирав македонската јавност, но процесот на создавање играчи и репрезентација е долг. Знам што правам и зошто. Врвниот спорт бара големи жртви и отстапување. Во иднина македонскиот национален дрес ќе се заслужува со многу пот, тоа го ветувам“, додаде Лазаров.

Македонската репрезентација вечерва околу 23 часот треба да слета во Скопје. По три одиграни кола се наоѓаме на второто место на табелата со шест бода исто колку и Данска, до крајот на овие квалификации не чекаат уште две средби за потврда на второто место, против Финска на гости и Швајцарија на домашен терен.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk