logo
logo
logo

Лазаров вечерва ќе испише нова историја во Лигата на шампионите

Vecer | 07.04.2021

Лазаров вечерва ќе испише нова историја во Лигата на шампионите

Денеска и утре се играат реванш натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите. Двајца македонски репрезентативци и нивните тимови на гостински терен ќе бараат место во следната фаза во најелитното европско клупско натпреварување.

Во центарот на вниманието е предводникот на нашиот национален тим, Кирил Лазаров. На гостувањето кај Келце и официјално ќе стане рекордер во ЛШ. Лазаров на претходниот меч го изедначи рекордот на Арпад Штербик по бројот на настапи во ова натпреварување, денеска тој ќе биде осамен на врвот на листата со 250 настапи.

Македонската гол-машина е број еден стрелец во ЛШ, со 250 настап ќе испише нова историја.

Нант има негатива од еден гол од првата средба со Келце, додека пак вториот македонски претставник, Никола Митревски и Порто ќе бранат победа од три гола на гостувањето кај Алборг.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk