logo
logo
logo

Лазаров: Среќен сум и горд, ова нека биде импулс за нови успеси

Vecer | 11.03.2021

Лазаров: Среќен сум и горд, ова нека биде импулс за нови успеси

Кире Лазаров дебитираше на клупата на Македонија со сензационална победа над Данска во Скопје. Конечно, оваа ракометна велесила падна пред македонската селекција, а Лазаров секако беше во фокусот затоа што освен што беше селектор играше на мечот.

„Сакам да им се заблагодарам на моите играчи и на моите соиграчи, испочитуваа се што се договоривме, благодарност и до мојот стручен тим кој многу ме испочитува и ми помогна да го спремиме овој натпревар. Последните три -четири денови чувствував позитивна енергија, воопшто не бев загрижен што ќе се случи на мечот со Данска, најважно од се ми беше она што се договоривме да го испочитуваме. Момците ги исполнија задачите, одигравме храбро. Имав(ме) храброст да почнеме со генерација 96/97 затоа што верувам во нив, така ќе биде и понатаму затоа што тие се и оспорувани играчи, им треба малку да ја кренат самодовербата. Ако ги насочиш и им дадеш задачи тие добро знаат да одиграат“, изјваи Лазаров.

„Иако сум напаѓач и сакам да давам голови, овие неколку денови работевме на одбрана и постојано зборувавме за одбрана што малку ми беше смешно затоа што како врвен напаѓач инсистира на одбрана. Меѓутоа јас цел живот напаѓач одбрани и знам што е добра одбрана, па така мора и ние да бидеме цврсти затоа што и добриот резултат тргнува од одбраните. Среќен сум и горд, ова нека претставува импулс за понатаму. Сега да се одмориме, да преспиеме, па ќе размислуваме како ќе го спремиме натпреварот во Данска. Мислам дека ова е шок за нив и и благодарам на македонската јавност која ми даде поддршка и која чувствуваше и веруваше во мене и дека можеме да направиме нешто. Но да повторам, ова е само почеток и знам што е спорт и го знам македонскиот менталитет, важно е сега официјално да се пласираме на ЕП па понатаму ќе размислуваме“, додаде капитенот.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk