logo
logo
logo

Лазаров со Нант триумфално против ППД Загреб!

Vecer | 23.02.2021

Лазаров со Нант триумфално против ППД Загреб!

Кире Лазаров нашиот репрезентативен капитен, а од пред неколку денови и селектор, со својот Нант успеа да триумфира против ППД Загреб со 30-28. Кире беше стрелец на три гола. Ова беше натпревар од групата Б во ракометната Лига на Шампионите. Колку за потсетување, ППД Загреб е некогашен клуб на нашиот најдобар ракометар.

Самиот натпревар имаше резултатска израмнетост, ниту еден тим немапе поголема разлика од три гола, сепак на крајот Французите заслужено победија.

На останатите денешни мечеви во Лигата на Шампионите, ПСЖ го “торпедираше“ Келце со 37-26, додека Кил на свој паркет “тесно“ славеше против Алборг со 28-26.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk