logo
logo
logo

Лазаров: Сета почит кон финскиот ракомет, но ние сме фаворити!

Vecer | 28.04.2021

Лазаров: Сета почит кон финскиот ракомет, но ние сме фаворити!

Македонската ракометна репрезентација денеска (17 часот) и гостува на Финска во претпоследниот квалификациски меч за пласман на Европското првенство 2022 година. Нашите момци веќе имаат обезбедено место на континенталниот собир, останува да стават победнички печат.

Македонија е фаворит против Финска, првата пресметка ракометарите ја добија со девет гола разлика (33-24), па овој дуел не смее да има поинакво сценарио. Предводникот на нашиот најдобар национален тим, Кирил Лазаров ја прифати фаворитската улога, но потенцира дека истата мора да се оправда на терен.

„Мислам дека на мечот со Финска слободно може да кажеме дека сме фаворити, така и ќе се поставиме. Треба да се испочитуваме самите себеси, и индивидуално и колективно.Ние сме ракометна нација, и клупско и на национално ниво и така и ќе се поставиме. Секој треба да си превземе одговорност, јас лично како селектор пред се, но и играчите индивидуално. Не треба да дозволиме во ниту еден момент, да се посомневаме дека Финска може да ни направи преблем. Голем респект кон нив како селекција, кон финскиот ракомет, вложувањата и сите тие работи, но ние одиме да победиме“, изјави Лазаров, кој во Скопје против оваа селекција постигна 11 гола. 

Македонија и Финска влегуваат во четвртата пресметка, два меча завршиле во корист на нашата репрезентација, еден без победник.

Пред почетокот на петото коло, Лазаров и неговите избраници се на второто место на табелата со шест бода исто колку и Данска.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk