logo
logo
logo

Лазаров: Секогаш велам ако некој стигнал до репрезентација, сигурно има квалитети!

Vecer | 13.03.2021

Лазаров: Секогаш велам ако некој стигнал до репрезентација, сигурно има квалитети!

Предводникот на нашта најдобра ракометна репрезентација, Кирил Лазаров не само што со победа дебитираше на селекторската позиција, туку против најдобриот во светот, Данска, успеа да ги издигне Филип Талески и Филип Кузмановски. Ова се двајцата ракометари кои постојано беа под притисок од јавноста, од нив се очекуваше дека многу порано треба да созреат и да го стигнат нивото на искусните соиграчи во репрезентативниот дрес.

Но, се чини дека патот не е лесен, а додека чекорат по него, Тале и Фитиљ, и останатите, треба да имаат вистинска поддршка. Оваа Македонија мора да се гради со помош на искусните, видовме дека рано е младите сили сами да „пливаат по големите води“.

И на двајцата, како и на другите кои се најдоа на списокот на Лазаров им требаат точни насоки и голема доза на доверба. Сето ова вроди плод на дуелот со Данска, а се очекува нивото да се задржи и во иднина, но потребна е доза на трпение.

„Секогаш велам ако некој стигнал до репрезентација сигурно има некој квалитет, останатото е каква улога ќе му дадете во тимот. Мислам дека полека но сигурно поставуваме добар систем, секој има конкренти работи кои што треба да ги извршува. Јас на нив двајцата посебно им дадов конкретни работи и задача, после видео анализата видовме дека на нив им е јасно тоа. Очекувам како ќе поминува времето да бидат се поквалитетни и поквалитетни“, смета Лазаров.

Селекторот има јасен став за следниот период, посакува да создаде база на играчи, кои поеднакво и квалитетно ќе можат да им се спротистават на големите европски имиња.

„Треба да се надоградуваме, најважно е во следните осум месеци да созададеме квалитетна база, во која ќе има 20 до 25 квалитетни играчи кои би можеле во секој момент да влезат во игра и да не почувствуваме недостаток на квалитет, истите ќе можат да парираат на големи европски репрезентации. Ќе работиме многу, ќе се посветиме, имаме идеја, веќе тука сме 21 играч, ни недостасуваат оние кои не можеа да бидат присутни поради одредени проблеми. Марко Мишевски кој беше позитивен, но сега е негативен. Кукуловски од Е.Пелистер, кој го заслужи повикот и секако Маџовски, кој беше дел од СП. Со оваа база на играчи, со уште некој играч, можеме да работиме квалитетно, ќе немаме недостаток на квалитет“.

Македонија поладне заминува за Алборг, веќе утре (16 часот) го игра реванш дуелот со Данска. Нашата селекција има три победи во низа во квалификациите за место на ЕП 2022 година.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk