logo
logo
logo

Лазаров: Првичниот впечаток против Финска беше лош, но потоа им се извинив на играчите

Vecer | 30.04.2021

Лазаров: Првичниот впечаток против Финска беше лош, но потоа им се извинив на играчите

Иако пред македонската ракометна репрезентација е последниот меч против Швајцарија во рамките на квалификациите за ЕП 2022 година, сепак анализата на Финска е поинаква, откако добро ќе се анализира мечот.

Предводникот на нашиот најдобар национален тим, Кирил Лазаров признава дека првичниот впечаток бил лош, но откако двапати го погледнал дуелот, тој и стручниот штав сфатиле дека Македонија одиграла добар меч. Најважно од се, Кире им се извинил на соиграчите.

„Мојот првичен доем за време на натпреварот во Финска беше лош, имав чувство дека играме лошо. Но, по две прегледување на мечот, истата вечер и следниот ден, заклучив дека одигравме добар натпревар и тоа во сите сегменти, офазивно и дефанзивно. Бев изненаден, им го признав тоа на моите играчи на состанокот следниот ден, им се извинив и увидов дека одигравме квалитетен натпревар. И самите гледате дека во денешно време не е лесно да се победи било кој противник, имаше многу изненадувања, аутсајдери победуваат фаворити, затоа им честитав уште еднаш за победата“, вели Лазаров.

Македонија реализаторски на оваа средба не беше на нивото, нешто на што работат Кире и останатите момци, нешто што сакаат да се поправи на мечот со Швајцарија.

„Ние промашивме шест пенали, стигнавме да направиме 12, значи колку и да биле незаслужени или заслужени, ние 12 пати дојдовме во ситуација некој да добие ќотек што би се рекло по нашки и да изнуди пенал. Не успеавме да ги реализираме, не реализиравме шутеви од гол на гол, зицери…Кога ќе направите една таква анализа сфаќате дека сте одиграле добар натпревар, потфрливме во нашата реализација, на што ќе работиме овие денови и не треба да дозволиме да се повтори против Швајцарија. Јас сум задоволен, победа е победа, сите денеска играат ракомет. Веќе го заборавивме тој натпревар, се подготвуваме за мечот за недела“.

Во составот на Македонија за мечот со Швајцарија нема да биде Дејан Манасков, Кире напомена дека Велковски има проблем, но верува дека ќе стисне заби, што се однесува до конечниот список потенцира дека нема одлучено.

Натпреварот се игра во недела во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18 часот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk