logo
logo
logo

Лазаров пред дуелот со Манасков: Само треба да веруваме, не би рекол дека сме аутсајдери!

Vecer | 12.05.2021

Лазаров пред дуелот со Манасков: Само треба да веруваме, не би рекол дека сме аутсајдери!

Македонската пресметка во четвртфиналето во Лигата на шампиони. Кирил Лазаров против Дејан Манасков за место на фајнл-фор завршницата во Келн.

Домаќин на првата средба е Нант, дуелот се игра утре. Францускиот тим за кого настапува нашиот најдобар ракометар и предводник на националниот тим по третпат ќе игра во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а ќе се обиде да дојде до второто учество во Келн.

„Мечеви како утрешните ги немаме секој ден. Мора да уживаме во нив, да покажеме против Веспрем дека сакаме да победиме и да се обидеме да се пласираме во второто полуфинале во својата историја. Веспрем е под поголем притисок од нас. Веќе неколку години чекаат да ја освојат титулата во Лигата на шампиони, ги имаат и најдобрите играчи во светот“, изјави Лазаров пред утрешниот меч и додаде:

„Не би рекол дека сме аутсајдери, победивме тимови како ПСЖ, Кил и Келце, желба е она што е потребно“.

Тој вели дека мора да се одигра многу подобро за да се добие еден тим како Веспрем. Исто така потенцира дека како тим се созреани и подготвени да играат против силни тимови.

„Ние пораснавме како тим. Се чувствуваме добро физички и психички, триумфот над Шамбери е добро дојде за зголемување на самодовербата“.

Мечот меѓу Нант и Веспрем се игра утре со почеток во 20:45 часот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk