Ракомет

Лазаров потпиша за Бешикташ

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Лазаров од Пелистер се пресели во редовите на турскиот шампион Бешикташ, ктим со кој потпиша до крајот на оваа сезона.

Лазаров се врати во домашното првенство откако лани настапуваше за тимот на Политехника Темишвар од Романија. Тој ја прифати понудата на Пелистер, но очигледно е дека клубот од Битола се соочува со финансиски проблеми, па затоа оваа понуда од Турција не можеше да ја одбие.

Лазаров за соиграч во новиот клуб ќе го има поранешниот соиграч од Вардар, Немања Прибак, кој во претстојната ЕХФ недела повторно ќе добие шанса и во македонскиот национален тим.

Поврзани

Најнови вести

Коментари