logo
logo
logo

Лазаров: Не плашам од Црна Гора, ниту ја потценувам – победата зависи од нас!

Vecer | 15.01.2022

Лазаров: Не плашам од Црна Гора, ниту ја потценувам – победата зависи од нас!

Кирил Лазаров е дозата на самодоверба која е потреба на теренот на ова Европско првенство, дозата на победнички менталитет кој најдобриот македонски ракометар го има во себе.

Најважниот совет кој момците го добиваат е да не ги водат емоциите, да бидат сконцентрирани во текот на сите 60. минута, и секако да не се оптоваруваат со името на противникот.

Црна Гора не не плаши. Јас реков дека ние не треба да се оптоваруваме со противниците, туку треба ние самите да се надоградуваме. Значи од нас зависи дали ќе имаме добри резултати или не. Ние влегуваме во систем, можеме да корегираме одредени работи. Фокус и концетрација, тоа е прво што е им напишано пред натпреварот во 60 минути. Да, и мене понекогаш на 40 години ме водат емоции“, изјави Лазаров,

Предводникот на нашиот национален тим вели дека Црна Гора е најтешка за анализа поради бројните промени во составот. Оваа селекција со соочи со многу позитивни ракометари на Ковид-19.

Не сакам да ја потценам Црна Гора. Има таму добри индивидуалци, можеби и подобри од нашите, но ние сме подобри како колектив. Не сакам да ги отварам картите. Кај нив не очекувавме да играат некои играчи, но ете играа. Навистина чудна ситуација, не знаеме што да очекуваме и на што да се подготвуваме. Од ден на ден се еменува ситуацијата и треба да се прилагодуваме“.

Македонија и Црна Гора е првата средба (18 часот) во групата А во Дебрецен.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk