Во интервју за „Спортске Новости“, капитенот и селектор на нашата ракометна репрезетација  Кирил Лазаров, зборуваше за обврските кои го очекуваат овој месец, како и седмото учество на завршниот турнир во Келн.

„Планот ми беше да престанам со играње и мислев дека ќе биде тешко. Сите мислевме дека оваа пандемија ќе престане и како одминуваше сезоната имаше многу проблеми. Клубот имаше потреба и искрено играв и повеќе од планираното. Играв и добро и премногу и клубот покажа интерес за продолжување на соработката, посебно и заради тоа што Гурбиндо најави заминување во Вардар. Размислив и прифатив. За мене не е никаков проблеми, а и на клубот му треба искуство. Потоа во Египет се случи тоа што се случи со македонската репрезентација, а тоа кај нас е трагедија. А всушност не е, па доби и понуда да бидам селектор. Во договор со претседателот на Нант, ја прифатив таа понуда, бидејќи таква шанса не се пропушта“, рече Лазаров.

Најдобриот македонски ракометар верува и во подвиг во „Ланксес Арена“ и покрај силната конкуренција на ПСЖ, Барселона и Алборг.

„Да не е настапот на „фајнал-фор“ веројатно би бил уморен од сè, , но вака сум многу мотивиран. Со годините заморот е повеќе психичка, отколку физичка категорија. Клучно е да бидеше психичко мотивиран за да се носиш со сè. Ќе пробаме со Нант да бидеме европски прваци и да се избориме за настап и следната сезона во Лигата на шампионите. Ако победиме, можеби ќе добиеме „вајлд-карта“, заврши Кирил Лазаров.

sportmedia.mk