logo
logo
logo

Лазаров мисли на иднината: Почнуваме да се подготвуваме за ЕП, да ја градиме таа репрезентација!

Vecer | 27.04.2021

Лазаров мисли на иднината: Почнуваме да се подготвуваме за ЕП, да ја градиме таа репрезентација!

Македонската ракометна репрезентација утре и гостува на Финска во претпоследниот квалификациски дуел за место на ЕП 2022 година. Додека очекуваме победнички печат на пласман на континенталниот собир, селекторот, Кирил Лазаров и стручниот штаб, гледаат чекор понапред.

Искуството од претходните настапи вели дека мора да се добие уште некој играч во игра, мора да се гради репрезентација за долгорочни цели, токму затоа и поширокиот список е поинаков, а на овој собир Лазаров повика и три резерви.

„Често го потенцрам тоа дека имаме краткорочни и долгорочни цели. Свесен сум јас за тоа. Ќе пробам да најдам место, ќе бркаме победа и победи воопшто. Ги посакуваме, го наметнуваме тоа. Сепак, и јас и стручниот штаб напоредно размислуваме и да добиеме уште некој играч. Штом дошле до репрезентација тие се веќе создадени, но да добиеме уште на игра. Но свесни сме што не очекува на европско, дека со краток ростер можеби ќе издржиме физички прв круг, но потоа следува она што го имаме како иксуство од минатите шампионати. Што повеќе играчи имаме на располагање, тоа подобро. Ќе ни се прклучат и трите резервии ќе ги провериме и нив, Павле Атанасијевиќ, Кукуловски и Цветановски, така да ќе имаме на располагање 24 ракометари. И ќе видиме со што располагаме и ќе почнеме да правиме тим. Тука сум и јас и Жути, полека да почнеме да го подготвуваме тоа Европско првенство и да ја градиме таа репрезентација“, Лазаров.

Нашите ракометарите денеска со чартер лет патуваат за Финска, мечот е закажан за утре со почеток во 17 часот. Последен противник во овие квалификации е Швајцарија, оваа средба се игра во СЦ „Јане Сандански“ на 2. мај.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk