logo
logo
logo

Лазаров има само еден совет за своите момци за дуелот со Данска

Vecer | 17.01.2022

Лазаров има само еден совет за своите момци за дуелот со Данска

Данска, еден од главните фаворити за освојување на златниот медал е последен противник на македонската ракометна репрезентација во групната фаза. За ваково име во евроскоиот ракометен шмек не треба да се трошат зборови, видовме што и се случи на Словенија во Дебрецен.

Иако најавите на предводникот на оваа селекција, Николај Јакобсен е дека ќе се штедат сили, сепак треба да се има во предвид дека Данска има врвни резервни играчи, клупа за која ние само можеме да сонуваме.

Јасно е дека Македонија нема што да изгуби на оваа средба. Тешко е да се издигнат момците по еден пораз од Црна Гора, но вечерва (20:30 часот) имаат една задача од Лазаров, да се опуштат и да уживаат во овој натпревар.

Борбена игра на теренот ќе биде победа за сите, достоинствено да се одигра против име како што е Данска.

Да, јас сум голем оптимист. Јас не се предавам. Сум имал вакви моменти во кариерата играчка. Имаме напредок, само да го преточиме во победи. Прв следен предизвик ни е пласман на СП. Со Данска треба да се опуштиме, да играме без притисок, ќе одиграме, ќе уживаме. Очекуваме оваа депресија по мечот со Црна Гора што ни се случи да ја промениме со позитива. Сите овие што се тука, посебно помладите да ја искористат шансата“, изјави Лазаров.

Пред дуелот меѓу Македонија и Данска на теренот силите ќе ги одмерат Словенија и Црна Гора ова ќе биде битка за второто место во групата кое носи во главната фаза.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk