logo
logo
logo

Лазаров: Финска и Швајцарија? Размислуваме само на победи, не се важни имињата на противниците!

Vecer | 28.03.2021

Лазаров: Финска и Швајцарија? Размислуваме само на победи, не се важни имињата на противниците!

Капитенот и предводникот на нашиот најдобар национален тим, Кирил Лазаров, секогаш е во центарот на вниманието во ракометната јавноста. Неодамна тој во својот деби настап како селекторт на Македонија ја совлада Данска, победа која ќе остане засекогаш запаметена во историјата на овој спорт. По освојувањето на титулата на СП, данската репрезентација падна во Скопје.

Лазаров во интервју за „Ал Џазира Балкан“ потенцира дека се гради победничкиот дух во нашата репрезентација, не ги гледаат противниците според имињата, туку се подготвуваат максимално за секого.

„Мислам дека во овој момент ми е многу полесно да бидам селектор и играч, отколку само селектор. Јас сум побезбеден кога сум на паркетот и кога можам да распоредувам играчи и да донесувам одлуки на теренот. Младите играчи треба да ги користат постарите некое време за да продолжат да играат сами. Ова е национален тим, во кој немаме многу работни денови во годината заедно и затоа ќе го искористиме секој момент максимално. Составив добар тим. Им давам задачи и досега работиме многу професионално и квалитетно. Финска и Швајцарија? Мојот тим има право да размислува само за тоа како да се победи и ништо друго не ме интересира, ниту имињата на противниците. Ќе има порази, но ги ценам играчите кои даваат 100% и кои се победници“, рече Лазаров.

По триумфот на првиот меч, Кире одлучи на втората средба да настапи со еден поинаков состав, бевме без него на теренот, но и без Миркуловски и Стоилов .

„Направивме одличен резултат, совладувајќи го актуелниот светски и олимписки шампион. Како тренер, мило ми е што тимот почитуваше сè што направивме во тие четири-пет дена. Бевме фокусирани и што е најважно скромни на теренот и надвор од него, во текот на тие седум или осум дена работа заедно. Свесен сум и дека Данска можеби ја потцени нашата селекција, со оглед на тоа како изгледавме во Египет на Светското првенство, но не им беше сеедно да губат осум поени во 45. минута. За возврат, решив да играм со помлади играчи и да видам каде сме во моментов. Ми беше доделена улогата на создавање на нова конкурентна генерација на играчи за во иднина. Затоа, ние, како репрезентација, имаме краткорочни и долгорочни цели. Ја разбирам еуфоријата во земјата што се создаде по победата во Скопје, но како тренер морам да размислувам одговорно“, рече Кире.

Целото интервју можете да го прочитате на овој ЛИНК. 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk