logo
logo
logo

Лазаров: Данска ми е како судбина! (ВИДЕО)

Vecer | 14.02.2021

Лазаров: Данска ми е како судбина! (ВИДЕО)

Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров од вчера има нова и одговорна улога. Тој во следната година ќе биде и играч и селектор на нашиот најдобар национален тим.

Дебито на „жешкото“ столче, Лазаров ќе го има против Данска на домашен терен, на 11. март, во меч од квалификациите за Европското првенство 2022 година. Како играч, нашиот најдобар ракометар има нерасчистени сметки со овој противник, сите го паметат она несреќно промашување на дуелот со Данска на ЕП 2012 година во Србија за минимален пораз што Македонија ја чинеше пласман во полуфиналето.

„Данска ми е како судбина“, се пошегува Кирил Лазаров на вчерашната прес-конференција на која беше промовиран како нов селектор на македонската ракометна репрезентација, а потоа додаде:

„Првичниот план е направен, ЕХФ неделата почнува на 8 март, јас со Нант завршувам на 3. март, следниот ден ќе бидам во Скопје. Ќе пробаме да изготвиме некој план, да провериме помлади играчи кои во иднина треба да го носат товарот на македонската репрезентација, треба да направиме нов систем на играм. Во текот на следната недела поширокиот список“.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=_CFQYxXKGC8[/embed]

Македонија на стартот забележа две победи, против Финска и Швајцарија, токму на крилата на новиот селектор.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk