logo
logo
logo

„Лавовите“ ако сакаат излез во Европа мора да го победат новиот шампион!

Vecer | 09.05.2021

„Лавовите“ ако сакаат излез во Европа мора да го победат новиот шампион!

Се чини дека денеска во Ѓорче, во меч од 32.коло меѓу Македонија ЃП и Шкендија, се решава судбината на тоа кој ќе биде трет во ПМФЛ и кој ќе избори место во Европа, Македонија ЃП или Струга ТЛ.

“Лавовите“ имаат бод предност пред стружани, 52-51, денеска играат со Шкендија а во последното коло со Вардар. Јасно е дека ако сакаат излез во Европа тогаш ќе мора да го победат новиот шампион, во спротивно работите веќе не зависат од нив, туку од Струга ТЛ во тоа последно коло, посебно ако се знае дека стружани денеска играат дома со Вардар а следната недела гостуваат во Кратово.

Инаку според информациите од Шкендија, тренерот Ернест Ѓока на овој меч нема да може да смета на капитенот Егзон Бејтулаи и играчот за врска Бруно Дита.

Кога сме кај традицијата меѓу овие две екипи, таа е апсолутно на страната на Шкендија. Имено на 19 меча одиграни во последните неколку сезони меѓу овие две екипи, Македонија ЃП нема победа над тетовци, 6 средби завршиле без победник, а Шкендија победила во 13 наврати.

Дали првата победа на “лавовите“ над Шкендија за нив ќе биде и европска победа, останува да се види.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk