logo
logo
logo

Лара Гут-Бехрами триумфално на спустот во Вал до Фаса

Vecer | 26.02.2021

Лара Гут-Бехрами триумфално на спустот во Вал до Фаса

Швајцарката Лара Гут-Бехрами триумфираше на денешниот спуст од Светскиот куп кој се возеше во италијанскиот зимски центар Вал ди Фаса. По оваа денешна победа, Швајцарката го презема лидерското место во генералниот пласман за оваа сезона.

Гут-Бехрами, носителка на бронзен медал од СП во Кортина Д’Ампецо, триумфираше со време од 1 23,93 минути и ја забележа петтата сезонска победа и 31-та во кариерата. Рамона Зибенхофер (Австрија) заврши втора со 2 стотинки заостанување, додека третото место и припадна на светската шампионка во спуст, Корина Зутер (Швајцарија) која задоцни 26 стотинки зад победничката.

По денешната победа, Лара Гут-Бехрами се најде на првото место во генералниот пласман на Светскиот Куп со 1.047 поени. Петра Влхова (Словачка) е втора со 1018 бода.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk