logo
logo
logo

Лапорта веќе не е сигурен дека Меси ќе остане во Барса

Vecer | 06.02.2021

Лапорта веќе не е сигурен дека Меси ќе остане во Барса

Најголемиот фаворит за претседателското место во Барселона, поранешниот шеф на клубот од 2003 до 2010 година, Жоан Лапорта, пред „Мундо Депортиво“ го искажа својот песимизам во врска со иднината на Меси во Каталонија.

Кандидатот за претседател на Барселона, кој потенцираше дека гласините за заминување на Меси во ПСЖ или Манчестер Сити не се поврзани со пари, изјави дека е „умерен оптимист“ по прашањето на останувањето на Меси.

„Нема да биде лесно за Меси да остане во Барселона, затоа што има големи клупски понуди. Но, Лео е добро тука. Тој ја сака Барса, тука тој ја има моќта“, вели Лапорта.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk